Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше одличен настап за Вардар против Монпеље во 11. коло од ракометната Лига на шампиони (ЛШ), па поради тоа беше избран во идеалниот тим.
Томовски имаше дури 14 интервенции против францускиот гигант и му помогна на македонскиот првак да ја прекине црната серија од седум порази по ред во елитното натпреварување.
Во идеалниот тим во ЛШ се наоѓаат уште Дилан Наи, Сандро Обрановиќ, Сташ Скубе, Дика Мем, Иван Чупиќ и Мохамед Мамду.
Идеалниот тим може да го погледнете ТУКА.