Томовски ја има најдобрата одбрана на мечот против Загреб 🎥

Македонскиот репрезентативен чувар на мрежата Мартин Томовски имаше седум одбрани во победата на Вардар од 24-20 против ППД Загреб во рамки на првиот четвртфинален меч во СЕХА-лигата.

Томовски беше одличен на голот на Вардар, а ја има и најдобрата интервенција на мечот против Загреб, кога одбрани зицер.