Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанецот Сандро Тонали ќе изгуби 11 милиони фунти поради 10-месечната суспензија откако беше потврдено дека е виновен за нелегално обложување.
Тонали ќе го пропушти и Европското првенство (ЕП) следната година, а притоа додека е суспендиран нема да добива плата од Њукасл.
Талентираниот играч се очекува да се врати на теренот дури во август идната година, а новинарот Фабрицио Романо објави дека Њукасл ќе бара нов фудбалер за врска во јануари.
Њукасл има неколку желби, а на листата се наоѓаат Калвин Филипс од Манчестер јунајтед, како и Рубен Невеш од Вулверхемптон.