Тони Крос си оди од Реал Мадрид по крајот на сезоната и прави изненадувачки трансфер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос би можел да си замине од клубот по крајот на актуелната сезона.

Германецот, како што пишува „Диарио Мадридиста“ е предмет на интерес на неговиот поранешен клуб, Баерн Минхен.

30 годишниот фудбалер не е редовен во тимот на Зинедин Зидан и ќе ја разгледа опцијата да си замине од клубот во летниот преоден рок.

Крос кој неодамна најави дека не планира да игра фудбал до доцни години има уште три години од неговиот договор со Реал Мадрид, но примамлива понуда од Баерн Минхен би можела да го натера да се врати во Германија.