До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шансите на Новак Ѓоковиќ да дојде до историската, 25-та Гренд слем титула стануваат се помали со секоја измината година – смета Тони Надал, стрико и некогашен тренер на Рафаел Надал!
Во интервју за шпанскиот „Мундо Депортиво“, Тони отворено призна дека му е тешко да замисли сценарио во кое Новак успева да ги надмине Алкараз и Синер на патот до новиот трофеј.
Како аргумент против шансите на Новак, Шпанецот го наведе примерот од последниот Австралија опен:
– Тешко ми е да замислам дека ќе освои уште еден Гренд слем. Го победи Синер во Австралија, но не и Алкараз во финалето. Мислам дека Синер немаше најдобра изведба тој ден; немаше одличен турнир. Ѓоковиќ, кој е исклучителен, знаеше како да го искористи тоа. Во финалето играше неверојатен прв сет, но не може да го задржи тој ритам два часа против Алкараз – смета Тони Надал.












