Тони Надал кажа со каков проблем се соочува Рафа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чичкото и поранешен тренер на Рафаел Надал, Тони ги откри деталите од повредата на грбот со која се соочува еден од најдобрите тенисери.

Надал ќе го пропушти турнирот во Монте Карло, а се очекува да биде подготвен дури за Барселона.

„Рафа има проблем само кога сервира, сè останато е во ред. Очекувам да биде подготвен за турнирот во Барселона. Ако може да игра пред Ролан Гарос, тогаш постојат шанси да има добар резултат во Париз. Меѓутоа ако не биде подготвен, тогаш е подобро да не игра“, вели Тони.