Тони Надал: Сакаат да го симнат Рафа од врвот, но тој сè уште не е готов!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафаел Надал го победи Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Ролан Гарос, па следен противник ќе му биде Александер Зверев во полуфиналето, но впечатокот е дека шпанскиот тенисер ќе има проблеми против Германецот поради неговата повреда.

Надал се жалеше на болки во стапалото, иако го победи Ѓоковиќ, а неговиот чичко Тони смета дека јавноста сака да го симне од врвот.

„Дали постои да го симнат од врвот? Да, сметам дека постои намера да го симнат. Го видовме тоа во фудбалот. Реал Мадрид немаше ништо лично против ПСЖ или Манчестер сити, а ги елиминираше. Рафа е борец, не е готов. Верувам дека тој е еден од фаворитите за трофејот на Ролан Гарос“, кажа чичко му.