Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Скај Спортс“ дознава дека од таборот на Марсеј се подготвени да ги пуштат првите ѕвезди на клубот да си заминат ова лето.
Флориан Таувин, Димитри Паје, Кевин Стротман и Морган Сансон се на излезните врати од „Велодром“.
За Таувин има сериозен интерес од Арсенал, меѓутоа неговата цена од 50 милиони фунти веројатно ќе претставува проблем за „топчиите“.
Димитри Паје се поврзува со враќање во Премиер лигата откако Евертон пројавил сериозен интерес, додека Стротман е понуден на Манчестер Јунајтед кој се уште размислвуа дали да го донесе во своите редови.
Марсеј мора да обезбеди средства за да ги исполни рпавилата на Финансискиот фер плеј.