Тотенхем е на потег: Баерн испрати четврта понуда за Кејн


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Германскиот шампион Баерн Минхен по вчерашниот состанок испрати четврта понуда за трансфер на англискиот напаѓач Хари Кејн.

Понудата изнесува 110 милиони евра, односно пет милиони евра помалку од тоа што бара претседателот на Тотенхем, Даниел Леви.

„Скај Спортс“ пишува дека договорот е блиску, а и самиот напаѓач даде ултиматум до крајот на неделава да се реши неговата иднина.

Доколку не постигнат договор екипите, тогаш Кејн ќе остане во Лондон до крајот на сезоната, по што ќе замине како слободен играч.