Тотенхем е се поблиску до реализацијата на трансферот: Дали стигнува засилување од Барселона?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ако им се верува на известувањата на шпанските медиуми и портали, Барселона најпрво ќе се „ослободи“ од Андре Гомес.

Андре Гомес од почетокот на тековната сезона отиде на позајмица во Евертон, а после завршницата тој ќе се врати во Барселона.

Имено, шпанскиот медиум Sport тврди дека Андре Гомес е многу блиску до реализирање за трансферот во Тотенхем.

Управата на Тотенхем одлучи да и понудат 30 милиона евра на Барселона за 25 годишниот везен. Наводно, Гомес ја прифатил понудата за овој трансфер со оглед на тоа што му се допаднала идејата својата кариера да ја продолжи во Лондон.

Сепак, последниот збор кој одлучува ќе го даде Барселона, но се очекува дека каталонскиот великан ќе ја прифати понудата на Тотенхем.

Андре Гомес во Евертон се покажа во добро светло, но и без тоа и Карамелите да одлучат да ја искористат опцијата за откуп на неговиот договор, тешко е да се реализира неговиот траен трансфер. Понудата на Тотенхем е едноставно повеќе ценета.

Sport тврди дека менаџерот на Андре Гомес минатата седмица се состанал со управата на Тотенхем и дека тогаш биле договорени условите за португалскиот везен.

Тотенхем наводно сака да го исчека последното коло на Премиер Лигата, да го потврди своето место за наредната сезона во Лигата на Шампионите и после тоа ќе ја контактира Барселона за да се постигне конечен договор и да се реализира трансферот.

Шпанскиот Sport тврди дека во Тотенхем се заинтересирани и за уште еден играч на Барса, Малком. Бразилецот одамна се споменува како е отпишан од Камп Ноу но Тотенхем сеуште нема превземено конкретни постапки за реализација на овој трансфер.