Тотенхем го избрка Конте (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот тренер Антонио Конте доби отказ од Тотенхем, по серијата лоши резултати, но и неговата прес-конференција по мечот против Саутемптон (3-3).

Конте по мечот со Саутемптон ги критикуваше своите фудбалери и кажа дека тие никогаш не се бореле за ништо важно во историјата.

Управата на Тотенхем имаше итен состанок на кој била донесена одлука да се разделат со Конте, кој во Лондон помина 16 месеци.

Конте кажа дека фудбалерите на Тотенхем се себични, не се навикнати да победуваат и не сакаат да играат под притисок.