Тотенхем го пушта Кејн и во своите редови го носи откровението на сезоната: Ерлинг Халанд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Тотенхем полека но сигурно се подготвуваат за живот без својот најдобар фудбалер, Хари Кејн.

„Петлите“ би можеле да останат без играчот за кого има сериозен интерес од неколку екипи меѓу кои Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Голема е веројатноста Кејн да си оди од тимот доколку Тотенхем не успее да обезбеди пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

За таа цел, клубот од Лондон ќе тргне по услугите на Ерлинг Халанд кој има волшебна сезона зад своето име.Халанд тресеше мрежи во Лигата на шампионите и австриската лига, а потоа направи трансфер во Борусија Дортмунд и продолжи каде што застана во Салцбург.

За него англискиот клуб би бил подготвен да испрати околу 70 милиони фунти за услугите на 19 годишниот напаѓач.