Тотенхем купува дефанзивец од Атлетико Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Тотенхем се заинтересирани во своите редови да го донесат црногорскиот фудбалер од таборот на Атлетико Мадрид, Стефан Савиќ.

Наводно, 29 годишниот фудбалер бил подготвен да се пресели во тимот предводен од Жозе Мурињо што го прави трансферот уште повозможен.

Црногорецот има настапи во Премиер лигата затоа што краток период го носеше дресот на Манчестер Сити, а потоа направи трансфер во Фиорентина од каде замина во Атлетико Мадрид.

Тотенхем по  крајот на оваа сезона ќе остане без двајца исклучително важни дефанзивци откако договорите на Тоби Алдервилд и Јан Вертонген ќе истечат.