Тотенхем со кредит ќе се вади од кризата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Тотенхем зел кредит во вредност од 175 милиони фунти од Банката на Англија за да се избори со последиците од пандемијата од коронавирусот.

Како што се наведува, Тотенхем би можел да изгуби околу 200 милиони фунти поради играњето пред празни трибини и откажувањето на сите настани кои требаше да се одржат на нивниот стадион.

На стадионот на Тотенхем требаше да се одржи и борбата помеѓу Ентони Џошуа и Кубрат Пулев, како и неколку рагби натпревари и концерти на светски познати пејачи.

Шампионатот во Англија продолжува на 17 јуни, а Тотенхем првиот натпревар ќе го одигра на 20 јуни кога ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед.