Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Франческо Тоти е една од најголемите легенди во светот на фудбалот. Италијанецот ја мина цела кариера во дресот на Рома и ја жртвуваше својата можност да игра за некој друг гигант во текот на кариерата.
Тоти ја освои Серија А и Светското првенство во текот на неговата кариера, но имаше многу понуди да го напушти „Олимпико“ и Рим.
И покрај интересот од клубовите, единствен пат кога размислувал за заминување бил во 2006 година, и тоа кога добил понуда од Реал Мадрид.
„Размислував за тоа. Да кажеме дека имаше неколку дена за тоа. Реал Мадрид беше единствениот тим за кој би можел да играм и да ја напуштам Рома. Единствениот тим, барем така мислам. Искуство во некоја друга држава можеби ќе беше убаво за мене и моето семејство“, вели Тоти.