Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Легендарниот Франческо Тоти уште еднаш на инсистирање на новинарите се осврна на престојот во Москва на почетокот на април, каде што беше специјален гостин на една фудбалска церемонија.
Тоти ја посети Москва во организација на обложувачката компанија “Bookmaker Ratings” која доделува признанија за најдобрите во фудбалот од 2019 година.
Тоти беше на удар на јавноста во својата татковина не толку поради промоцијата на обложувалницата, иако ни таквиот договр не му беше најмудра одлука – туку поради фактот дека ја посети земјата која нападна Украина.
Тој и тогаш рече дека бил во Москва од чисто спортски причини и затоа што бил поканет, а за неговото патување зборуваше и неодамна, за време на гостувањето во ток-шоу емисијата “Che tempo che fa”.
„Отидов таму затоа што бев поканет. Тоа беше спортски настан, отидов таму, што има лошо во тоа? Зошто да не?“, беше сè што кажа на прашањето на соговорникот да го објасни уште еднаш патувањето во Русија.
Фото: Принтскрин