Тоти за малку ќе се разведел од неговата сопруга поради – мачка! (ФОТО)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од фудбалските ѕвезди Франческо Тоти е најактивен на социјалните мрежи додека трае пандемијата на вирусот.

На Инстаграм учествуваше во неколку преноси со Кристијан Виери, во кои откри неколку лични анегдоти, а посебно интересна беше таа со неговата сопруга Илари Бласи со која за малку ќе се разведел поради мачка.

„Бев многу лут на Илари. Купи мачка без влакна и ја нарече Дона Паола. Многу е напорна, сака да спие во нашиот кревет покрај наште нозе. Поради неа сакав да се раведам. Илари мачката ја сакаше по секоја цена, додека јас останав на ставот дека не ни е потребна. Сепак, еден ден ја донесе и ме остави пред конечна одлука. Не зборувавме со денови. На крајот, сепак, морав да попуштам и да ја засакам мачката“, раскажува Тоти.

View this post on Instagram

Vi presento Donna Paola?

A post shared by Ilary Blasi (@ilaryblasi) on