Тотенхем во Стариџ гледа замена за Лоренте


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Управата на Тотенхем наводно е спремна да го доведе Даниел Стариџ како резерва за Хари Кејн.

Моментално таа улога во екипата на Тотенхем ја има Фернандо Лоренте, кој во нападот го менува повредениот Кејн.

Стариџ набрзо ќе стане слободен играч бидејќи на крајот од сезоната му истекува договорот со Ливерпул, кој не му понуди продолжување, а The Mirror тврди дека Стариџ ќе ја продолжи својата кариера во Лондон.

Тотенхем ќе му даде шанса да се врати во формата во која некогаш беше, а се претпоставува дека има и неколку понуди од странство, вклучувајќи ги и Њујорк Сити.

Наводно ќе му биде понуден договор на две години каде што ќе го замени Лоренте, бидејќи се оечкува тој да го напушти клубот.

Стариџ оваа сезона во дресот на Ливерпул запиша 14 настапи каде што постигна 2 голови.