Трајковски со волеј обезбеди победа за Македонија во Астана! (Видео)


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација извојува значајна победа на гостувањето кај Казахстан, со минимални 0-1, продолжувајќи ја серијата на добри резултати.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски го започнаа натпреварот во Астана како фаворити, но домаќините покажаа отпорност и подготвеност за борба. Натпреварот беше отворен, со креирани прилики за гол на двете екипи. Езѓан Алиоски прв се закани со шут од далечина, а веднаш по него и Елиф Елмас заедно со Дарко Чурлинов се обидоа да променат резултатот, но безуспешно. Откако Казахстан во 30. минута ја нападна македонската мрежа, со опасен шут од Сомородов, опасноста беше спречена.

Минути подоцна, Александар Трајковски направи маестрален потег и ги надмудри домаќините со волеј удар, поставувајќи го крајниот резултат уште во првата половина од натпреварот.

Вториот дел од натпреварот донесе засилена офанзива од страна на Казахстан. Сомородов ја погоди пречката, а во завршниот дел на натпреварот, Садбаев доби шанса и ја погоди стативата, но недостигаше завршница. Македонија се задржа и го одбрани минималното водство, освојувајќи три значајни бодови.

По одиграни четири натпревари, „црвено-жолтите“ се на чело на табелата со осум бодови, а таму ќе останат барем до вечерашниот дуел меѓу Белгија и Велс. Велс е на второто место со седум бодови, Казахстан собра три, а Белгија има еден бод со само еден натпревар зад себе, додека Лихтенштајн е без бодови.