Трагедија: Почина бивш фудбалер на Лидс на 39-годишна возраст!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Сол Бамба почина на 39-годишна возраст.

На Бамба му се слошило пред неколку дена по што итно бил пренесен во болница пред мечот против Маниса, а докторите не успеале да му го спасат животот.

„Нашиот нов технички директор, Сол Бамба кој имаше непријатности пред натпреварот против Манис и беше префрлен во најблиската болница ја изгуби битката за својот живот. Наше сочувство до неговото семејство и најблиски“, објавија Адана.