Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Еден месец по смртта на српскиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ почина и неговиот татко Милан.
Милојевиќ почина на 17 јануари по срцев удар во Јута, а пред 10 дена беше погребан во татковината каде што присуствуваа членови на неговото семејство.
Само 10 дена по погребот на Милојевиќ, српските медиуми пишуваат дека починал и неговиот татко кој доживеал срцев удар.
Таткото на поранешниот кошаркарски стратег бил примен во болница каде што му била стабилизирана состојбата, но потоа повторно се влошила и докторите не можеле да му го спасат животот.