Трагедија: Почина репрезентативец на Црна Гора!


Финале: Кој до титула? Шпанија по четврти или Англија по прв пат!? ↓↓↓


Ужасни вести пристигнаа утрово од Црна Гора, каде што починал првиот голман на фудбалската репрезентација, 26-годишниот Матија Шаркиќ.

Црногорските медиуми пишуваат дека Шаркиќ починал ненадејно во Будва додека бил во својот апартман.

Неговата здравствена состојба наеднаш се влошила, по што пријателите повикале итна помош, меѓутоа докторите не успеале да му го спасат животот.

Шаркиќ бранеше против Белгија пред неколку дена и веднаш го покажа својот квалитет.