Трагедија во фамилијата на новиот фудбалер на Јунајтед: Таткото не дочека син му да го потпише договорот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Вистинска трагедија ја потресе фамилијата на младиот фудбалер на Свонси, Даниел Џејмс.

Неговиот татко изненадно почина во 60 година од својот живот и не дочека да го види својот син во дресот на Манчестер Јунајтед со кој Даниел набрзо треба да потпише договор.

Џејмс се договори за трансфер од Јунајтед во Свонси вреден 15 милиони фунти. За жал, славењето на потписот е прекинато на тажен начин поради фамилијарната трагедија.

Даниел Џејмс важи за голем талент на велшкиот фудбал. За него се предвидува одлична кариера, а со своите игри за тимот на Свонси привлече големо внимание.

Овој 21 годишен фудбалер доби многу добри понуди. Многу големи клубови го посакуваа во своите редови, но тој на крајот ја донесе конечната одлука.

Борбата за неговиот потпис која се водеше помеѓу големите великани ја добија Црвените Ѓаволи и тој набрзо би требало официјално да стане играч на тимот од Олд Трафорд.

Смртта на неговиот татко можно е да влијае на него. Дали ќе го направи посилен и ќе изгради од него уште подобар фудбалер или ќе има спротивно влијание останува да видеме во наредните сезони.

Изминатите сезони во дресот на Свонси, 21 годишниот крилен фудбалер одигра вкупно 38 натпревари во сите натпреварувања и имаше допринос од пет погодоци и десет асистенции.

Тој веќе дебитираше за сениорската репрезентација на Велс каде во два натпревари постигна еден погодок.