Трагедија: Загина поранешен кошаркар на Партизан во сообраќајка

Поранешниот кошаркар на Партизан, Дру Гордон загина во сообраќајна несреќа која се случи во Орегон, Портланд.

Гордон го носеше дресот на српскиот тим Партизан во сезоната 2012/13, односно од август до март, по што се пресели во Динамо Сасари.

Во кариерата играше и во САД, но потоа се врати во Европа, па играше во Литванија, Полска и други земји.