До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Деветнаесетгодишниот фудбалер на Ајакс II доживеа страшна лична трагедија, откако неговата партнерка Елиза (21) почина од повредите добиени во сообраќајна несреќа во која возачката избегала. Девојката во средината на декември го загуби животот додека трчаше, а веста ја потресе не само фудбалерот Марк Веркујл, туку и целиот клуб и пошироката фудбалска јавност.
Елиза во четвртокот, 18 декември, трчала во областа помеѓу Еде и Венендал во централна Холандија, кога ја удрил автомобил. По ударот, добила тешки повреди и била пренесена во болница, каде што подоцна починала. Според информациите од полицијата, педесет и четиригодишната жена избегала од местото на несреќата, но наскоро била лоцирана во својот дом и приведена. Истражувањето на околностите на трагедијата е во тек.
Веркујл, кој моментално се опоравува од повреда на задната ложа, и покрај огромната болка, во неделата на 22 декември се појави заедно со своите соиграчи пред натпреварот на Ајакс. Пред почетокот на натпреварот младиот везист ѝ оддаде трогателна посвета на својата прерано почината партнерка. Тимот пред домашниот дуел против РКЦ Валвајк одржа минута молчење, а фудбалерите носеа црни ленти.
Tribute honouring Elisa (21), girlfriend of Jong Ajax player Mark Verkuijl (19), who died after being struck by a car while running last week.pic.twitter.com/weqChTZXzK
— Total Football (@TotalFootbol) December 23, 2025
















