Трагичарот од ЛШ ќе го засили Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинарот на „Скај“, Флориан Плетенбург објави дека белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку му бил понуден на Реал Мадрид во летниот преоден рок.

Лукаку беше трагичар во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) затоа што прво спречи удар на негов соиграч, а потоа промаши одлична шанса.

Позајмицата на Лукаку од Челси завршува на крајот на месецот, а Интер сака да го задржи, но ќе мора да плати над 40 милиони евра и тоа е проблем за калчолигашот.

Реал Мадрид, од друга страна, бара решение во нападот по заминувањето на Карим Бензема и смета дека Лукаку е добар избор.