Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Арсенал одигра 2-2 против Вест хем, иако имаше водство од 2-0 на почетокот на натпреварот, па така со нов кикс ќе му дозволи на Манчестер сити да се доближи на само еден бод ако слави во следниот меч.
„Топчиите“ имаа шанси за победа, како и за зголемување на водството во второто полувреме, а една шанса од белата точка не искористи Букајо Сака.
Сака пропушти да го реши натпреварот, односно го промаши цел гол, а потоа пристигна казната од Вест хем.
„Без разлика на резултатот, јас секогаш ќе преземам одговорност. Извинете, ќе направам сè за да го поправам ова“, напиша Сака.