Трансфер-бомба: Погба следната недела заминува од Јунајтед


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Пол Погба долго време се поврзува со заминување од Манчестер јунајтед, а очигледно летово ќе го напушти „Олд Трафорд“ и ќе потпише договор со нов клуб.

Во моментов се водат преговори со еден клуб, а според новинарот Едуардо Инда, тоа е Реал Мадрид, а не Јувентус, како што се шпекулираше во претходниот период.

„Мислам дека следната недела Погба ќе стане фудбалер на Реал Мадрид. Јувентус е само трик на Рајола да му ја крене цената. Погба не може да се врати во Италија“, вели Инда.

Герет Бејл е фудбалерот, кој се споменува како „вишок“ во екипата на „кралевите“, па тој најверојатно ќе биде продаден, а на негово место ќе пристигне Погба.