Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Челси, во „минута до 12“, конечно го реализираше трансферот на Енцо Фернандез во Манчестер Сити и токму овој потег му овозможи на лондонскиот клуб практично да ја “израмни” финансиската сметка и трансферниот период да го заврши во плус.
„Сините” беа изненадувачки активни на пазарот ова лето и за доведување на нови играчи потрошија дури 421 милион евра.
На Стемфорд Бриџ пристигнаа:
- Морган Роџерс – 138 милиони евра
- Максенс Лакроа – 61 милион
- Марко Палестра – 57 милиони
- Жоао Кенда – 51 милион
- Валентин Барко – 40 милиони
- Емануел Емега – 26 милиони
- Пеп Чаварија – 19 милиони
- Денер Алвеш – 10 милиони
- Емилијано Мартинес – 9 милиони
- Дени Велбек – 6 милиони
- Дастан Сатпајев – 4 милиони
Меѓутоа, поради огромните вложувања во засилувањата, Челси мораше да пронајде начин преку продажба на играчи да ги надомести потрошените средства и да ја задржи финансиската сметка под контрола.
Покрај Аргентинецот, Стемфорд Бриџ го напуштија и:
- Андреј Сантос – 56,3 милиони евра
- Николас Џексон – 55,5 милиони
- Марк Кукурела – 55 милиони
- Лијам Делап – 52,5 милиони
- Трево Чалоба – 30 милиони
- Тајрик Џорџ – 21 милион
- Дејвид Вашингтон – 16 милиони
- Марк Ѓијо – 15 милиони
- Беноа Бадиашил – 3 милиони (позајмица)
- Давид Датро Фофана – 2,5 милиони
Кога сè ќе се пресмета, Челси ова лето од продажба на играчи инкасираше дури 446,8 милиони евра.
Тоа значи дека лондонскиот клуб, и покрај тоа што на засилувања потроши неверојатни 421 милион, го заврши трансферниот период со плус од 25,8 милиони евра.
















