Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се поизвесно е дека Диего Коста би можел да го напушти Мадрид. Имено, управата на Атлетико не му ја прости суспензијата и однесувањето во текот на мечот со Барселона, а за волја на вистината, Бразилецот не се покажа многу по враќањето во клубот.
Заминува Гизман, а и „Јорганџиите“ сакаат да се ослободат и од Коста. Во нападот остануваат рекордното засилување Жоао Феликс како и Анхел Кореа. Калиниќ исто така ќе го напушти клубот.
Наводно Коста има две понуди. Првата е од Евертон, тие се спремни да платат 30тина милиони за Бразилецот кој би се вратил во ПЛ. Преговараа со Јувентус околу младиот Кин, но Јуве бара да се вметне во договорот клаузула со откуп.
Исто така, вчера стигна информација дека Волверхемптон би можел да го откупи Коста, пто веднаш било доведено во врска со Мендеш, но иако кладилниците веднаш реагирале и ја намалиле квотата на трансферот на Бразилецот, досега нема потврди за понуди.
Симеоне се согласува Коста да си оди, доколку клубот ангажира замена,тој пред десетина дена разговарал со Игуаин за кој нема место во Јуве. Атлетико би можел да го доведе Пипита на позајмица и на тој начин да добие уште еден искусен играч во офанзивата.