Трапановски блесна на дебито: Сè е одлично во Данди јунајтед!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Македонскиот напаѓач Кристијан Трапановски на своето деби во шкотската Премиерлига постигна гол за Данди јунајтед против градскиот ривал ФК Данди (2-2).

Трапановски постигна еден гол, иако можеше да запише уште неколку, па по мечот кажа дека е разочаран што не ги освоиле трите бодови.

„Сè е одлично во Данди јунајтед. Штета што не победивме, дадов еден гол и можев да постигнам уште два“, кажа Трапановски.