Трапановски постигна гол на дебито за Данди јунајтед

Македонскиот фудбалер Кристијан Трапановски има успешен старт на кариерата во Данди јунајтед, откако постигна гол уште на своето деби.

Данди славеше против Анан Атлетик со 2-0, а стрелец на еден од головите беше Трапановски кој неодамна се пресели во Шкотска.

Трапановски стана трет македонски фудбалер во Шкотска, по Бојан Миовски од Абердин и Давор Здравковски од Мадервел.