„Треба да се дознае зошто Роналдо е несреќен бидејќи се гледа дека му е тешко“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо се најде во центарот на вниманието по натпреварот помеѓу Јувентус и Милан кој се одигра во неделата во Торино.

Јувентус на дербито пред своите навивачи успеа да го победи Милан со минимален резултат од 1:0, а единствениот погодок на тој натпревар го постигнал Пауло Дибала во 77. минута. Дибала во игра влезе 20 минути порано на местото на Роналдо што беше изненадување за сите.

Сари одлучи да го извади Роналдо од игра што на него не му се допадна. Роналдо по излевањето од теренот му дофрли нешто на Сари, а потоа веднаш замина во соблекувалната.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Роналдо го напуштил стадионот неколку минути пред крајот на натпреварот бидејќи бил многу лут за тоа што му го направил Сари. Португалецот од вчера е главна тема на Апенините, а тоа продолжи и денеска.

После овие ситуации се јави и некогашниот везен на Јувентус, Патрик Веира, кој препорача дека многу е важно да се открие причината поради која Роналдо изгледа толку несреќно во редовите на првакот на Италија.

„Ова најдобро покажува колку е тешко да бидеш тренер. Роналдо е ниво над сите заедно со Меси и Нејмар кои се слика на денешниот фудбал. Важно е да се дознае зошто Роналдо е несреќен. Се гледа на неговиот израз дека поминува низ тежок период. Кога играч како него ќе престане да постигнува погодоци тогаш има многу фустрации. Многу е важно да се разговара со него и да се проба да се реши тоа“, рече Веира.