Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес имаше жесток напад врз останатите клубови во Бундеслигата.
Баерн веќе девет години доминира во Бундеслигата, а никој во тој период не успеа да ги загрози Баварците.
Многумина го критикуваат Баерн поради купување на најдобрите играчи од останатите клубови, а Хенес не гледа ништо лошо во тоа.
„Зарем треба да го уништиме тимот за лигата да биде поинтересна? Можеби во иднина треба да играме со 10 фудбалери во секој меч? Тоа е досадна дискусија… Не гледам ништо лошо во тоа што Баерн е поважен за спонзорите од Борусија Дортмунд. Напорно работиме на овој проект“, вели Хенес.