Тренерот кој го урна Ливерпул падна на колена и почна да плаче! 🎥


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Саутемптон синоќа го изненади Ливерпул и го совлада со 1-0 во мечот од 17. коло во англиската Премиерлига.

Дени Ингс постигна гол во втората минута и така го расплака неговиот поранешен клуб, кој втор меч по ред е без постигнат гол.

Саутемтпон оствари голема победа, а тренерот на тимот, Ралф Хазенхатл по завршување на дуелот падна на колена и заплака, откако прв пат го победи Јирген Клоп и Ливерпул.

Германецот веќе две сезони е на клупата на Саутемптон и сега го турка својот тим кон местата кои водат во европските натпреварувања. Тие сега имаат 29 бодови и се наоѓаат на шестата позиција.