Тренерот на Јувентус ја бакна новинарката среде напад на судиите (Видео)


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, имаше долг емотивен изблик по натпреварот, барајќи од судиите да станат професионалци, а сè кулминираше со бизарен момент кога ја бакна новинарката за да ја илустрира својата поента. “Контактот не е удар”, рече тој по хаотичното реми од 2:2 со Лацио, каде што неговиот тим се врати откако губеше со 2:0.

Тренерот на Бианконерите беше видливо вознемирен по натпреварот во кој за Лацио погодија Педро и Густав Искасон, а Јувентус изедначи со голови со глава на Вестон Мекени и Пјер Калулу. Натпреварот беше одбележан со неколку контроверзни ситуации.

При резултат 0:0, Јувентус му беше поништен голот на Теун Купмајнерс поради офсајд на Кефрен Турам, а постоеше и потенцијален прекршок на Марио Гиле над Хуан Кабал во акција што му претходеше на тој обид. Аналитичарот на DAZN, Лука Марели, сметаше дека тоа требаше да биде пенал, што го поттикна изливот на Спалети.

“Правилата се во моментов премногу крути, таа крутост е по мое мислење проблем. Ако никој не забележи дека топката ја удрила раката, кој е оштетен? Аналитичарите стално велат ‘имаше контакт’, но тоа не значи ништо, зар не? Може ли да ве бакнам?”, запраша Спалети новинарката и потоа ја бакна на образ. “Еве, ова е контакт.”