Тренерот на Ајакс е неутешен: Им кажав, знаев се…


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На клубот од Амстердам ќе му биде потребно доста време да го преброди синоќешниот шок.

Тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг истакна по елиминацијата на неговиот тим во полуфиналето од Лигата на шампионите, дека на полувремето и вкупното од водство им кажал на фудбалерите дека двомечот не е решен.

„Бевме така блиску, и не заслуживме пораз, но немарно го испуштивме водството. Им кажав на играчите мирно дека не е уште ништо готово, се виде дека Тотенхем верува. Моравме да продолжиме, но стана тешко, тие се отворија, а ние не бевме добри во контранападите“, заклучи Тен Хаг.

„Им кажав по поазот дека е тешко да се најдат вистински зборови во таков момент, и дека фудбалот може да биде крут. Ова е суровата страна на фудбалот која моравме да ја искусиме сега, но ќе продолжиме понатаму“, истакна тренерот на Ајакс.

Тој додаде дека елиминацијата во последните секунди од мечот не може да се преболи „за неколку часа или денови“.

„Не можам да го барам тоа од играчите. Бевме така блиску, Лигата на шампионите е единствена, но играчите сфаќаат дека мораме ова да го пребродиме, иако ќе ни биде потребно време“, додаде тој.