Тренерот на Ал Наср му посака една работа на Роналдо


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Кристијано Роналдо пред крајот на 2022 година потпиша договор со Ал Наср од Саудиска Арабија и го доби најбогатиот договор во историјата.

Роналдо потпиша договор до 2025 година, а ќе заработува по 200 милиони евра годишно и ќе биде главна ѕвезда во Саудиска Арабија.

Тренерот на Ал Наср, Руди Гарсија кажа што му посакува на Роналдо пред почетокот на новата авантура.

„Единствено нешто што му посакувам на Роналдо е да го откри задоволството од играњето и повторно да се насмее. Ако го пронајде тоа задоволство, тогаш целта ќе биде постигната“,м кажа Гарсија.