Тренерот на Алиоски доби улица во центарот на Лидс (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Улица во Лидс го доби името по Марсело Биелса во чест на успехот на аргентинскиот тренер, кој го однесе тимот на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски во Премиерлигата.

Враќањето на Лидс во Премиерлигата по 16 години беше потврден уште во петокот, а Аргентинецот стана херој меѓу навивачите, кои го слават неговото име.

Една улица во центарот на Лидс веќе беше преименувана во „Патот на Марсело Биелса“. Официјалните табли ќе бидат поставени следната недела, но уште сега може да се забележат слики од како ќе изгледа тоа.