Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Привремениот тренер на Денвер, Дејвид Аделман, по натпреварот со Мемфис се осврна на трката за МВП која што ја водат Никола Јокиќ и Шај Гилџус-Александер.
Шај Гилџус-Александер е моментално прв во трката, иако Јокиќ во победата над Гризлис (117:109) осигура трипл-дабл во просек за сезоната.
„Ако не биде МВП, тогаш ќе биде најдобрата сезона во која играчот не го освоил МВП признанието“, изјави Аделман на прес-конференцијата за медиумите.
Фотографија: Принтскрин