Тренерот на Денвер полуде, па даде коментар и за настапот на Јокиќ

Maјк Мелоун беше многу лут по поразот на Денвер од екипата на ЛА Клиперс

„Водевме со 10 поени разлика во третата четвртина, која тие ја завршија со серија 19:7, па губевме со два. Во четвртата четвртина ги држевме на 40 проценти од игра, што е интересно, но тие отидоа на линијата за слободни фрлања 16 пати и направивме најмалку пет намерни прекршоци на шут за 13 слободни фрлања, што е половина од сите слободни фрлања на натпреварот“ изјави Мелоун по натпреварот.

Мелоун зборуваше и за улогата на Никола Јокиќ и Џамал Мареј кој имаше 18 поени и седум асистенции претходната вечер.

„Се обидуваат да останат позитивни. Сезоната е долга, почнавме лошо, но потоа игравме доста подобро, победивме пет натпревари по ред на свој терен. Сега се обидовме по еден месец пауза да го интегрираме Арон Гордон и тоа од клупата и му обезбедивме минутажа… Никола е тука десет, Џамал девет години, поминавме многу. Тие момци се лидери“, јасен беше Мелоун.