Тренерот на Дортмунд се расплака: Ова не е фер! (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Борусија Дортмунд ја прокоцка титулата во Бундеслигата во последното коло, откако одигра 2-2 против Мајнц, додека Баерн Минхен славеше со 2-1 против Келн.

Тренерот на Дортмунд, Един Терзиќ се расплака како мало дете по натпреварот и им се извини на навивачите затоа што не успеале да го освојат пехарот.

„Некои работи не се фер. Навистина сакавме да ја освоиме титулата. Цел град сонуваше за трофеј, тешко ми е, навистина не е фер“, кажа Терзиќ.