Тренерот на Њукасл: Целта не ни беше пласман во топ-4 во Премиерлигата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Њукасл направи огромно изненадување во Премиерлигата и го обезбеди пласманот во топ-4 на табелата, што значи дека следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони (ЛШ).

Пред една година клубот се бореше за опстанок во елитата, а потоа новите газди од Саудиска Арабија го ангажираа Еди Хау за тренер.

„Ова е неверојатна ноќ за сите. Сигурно не ни беше целта да се пласираме во топ-4. Секогаш се надевавме и се боревме, но искрено не чувствувавме дека сме подготвени за такво нешто. Момците беа неверојатни оваа година, немам доволно зборови за да ги пофалам“, кажа Њукасл.

Во Лигата на шампиони ќе играат и Арсенал и Манчестер сити, додека Манчестер јунајтед допрва треба да го обезбеди своето место во елитното европско натпреварување.