Тренерот на Вулверхемптон откри каква е состојбата на Патрисио по страшниот судир 🎥


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Ливерпул славеше со 1-0 против Вулверхемптон, но резултатот падна во сенка на повредата на голманот на домаќините, Руи Патрисио.

Патрисио се повреди во завршницата од натпреварот по судирот со Конор Коуди, при обидот да го запре Салах.

Медицинскиот тим излезе на теренот и 15 минути му даваше медицинска помош, по што на носилки го изнесе од теренот.

Тренерот на Вулверхемптон, Нуно Санто по натпреварот кажа дека голманот се чувствувал добро.

„Само што добивме информација и тој е добро. Свесен е и знае што се случи. Ваквите ситуации со ударите во глава се загрижувачки, но сакам да испратам порака дека Патрисио е добро“, кажа Санто.