Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Португалскиот фудбалски стручнак Жозе Мурињо од ова лето е нов тренер на Манчестер Јунајтед.
Посебниот веќе на големо почна со тренинзи во новиот клуб, а еден од тие кои се задоволни со начинот на тренирање е и искусниот Мајкл Керик.
Керик порачува дека тренинзите на Мурињо воопшто не се тешки, како што многу мислат.
„Тренинзите се многу добри, не се така тешки, како што веројатно мислат. Дури и во оваа рана фаза работиме многу со топка, а и добро се забавуваме. Јас лично имам уште голема желба за работа и секој ден доаѓам на тренинг со насмевка“, рече Керик.
Да потсетиме дека овој играч за врска го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед до лето до наредната година.