Трет триумф по ред за Челси, нов гол за Халанд и три бода за Сити (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот европски шампион Челси славеше со 3-0 на домашен терен против Вулверхемптон, додека Манчестер сити со 4-0 го совлада Саутемптон.

Лондонскиот тим конечно заигра добро и ја врза третата победа во домашниот шампионат, а неа ја најави Хаверц во судиското надополнување на првиот дел.

Челси доминираше во второто полувреме, па најпрво Пулишиќ погоди за 2-0, а потоа Броја со неверојатен удар ги постави конечните 3-0.

Манчестер сити уште еднаш покажа дека нема конкуренција во Англија и го декласира Саутемптон, а во листата на стрелци се запишаа Кансело и Фоден во првото полувреме, додека потоа стрелаа Марез и Халанд.