Три потенцијални кандидати за нов тренер на Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави Ернандез пред неколку дена најави дека ќе замине од Барселона на крајот на сезоната поради лошите резултати, а веќе се шпекулира кој ќе биде неговата замена.

Каталонските медиуми пишуваат дека претседателот Жоан Лапорта има три потенцијални кандидати за нов стратег на клубот.

Прва опција е Тијаго Мота кој со успех ја предводи Болоња оваа сезона, но тој посочи дека е посветен само на калчолигашот во моментов.

Втора опција на каталонскиот тим е поранешниот дефанзивец Рафаел Маркез кој работи во Б-тимот на Барселона.

Трето решение е Луис Енрике, кој работеше од 2014 до 2017 година во Барселона, но тој во моментов е во ПСЖ и тешко дека ќе замине од „Паркот на принцовите“.