Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Филипе Кутињо за време на овој летен преоден рок можно е да ја напушти Барселона.
Бразилскиот фудбалер на Камп Ноу не покажа скоро ништо откако дојде од Ливерпул во јануари 2018 година и раководствтото на тимот одлучи да го продаде.
Меѓутоа, Кутињо нема да има многу проблеми околу тоа каде би можело да оди, а како што тврди шпанскиот медиум Mundo Deportivo, Барселона веќе има добиено 3 понуди за овој фудбалер.
Тимовите кои го посакуваат во своите редови се Челзи, Мачестер Јунајтед и ПСЖ. Сите три тимови веќе ја исконтактирале Барселона околу потенцијалниот трансфер и ќе видиме каде ќе заврши Бразилецот на крај.
Најмали се шансите тој својата кариера да ја продолжи во Челзи бидејќи на Плавите им се завбранети трансферите од страна на ФИФА во наредните два преодни рокови, но постои надеж дека таа забрана ќе им биде укината од Судот за спортска арбитража.
Од друга страна пак Јунајтед и ПСЖ бараат освежувања на тимовите. Двете екипи располагаат со огромна сума на пари и без проблеми можат да го завршат трансферот и големи се шансите дека Кутињо од наредната сезона можно е да носи дрес на некоја од овие екипи.
Бразилскиот фудбалер од доаѓањето на Камп Ноу во јануари во 2018 година не покажа апсолутно ништо и се води како едно од најголемите промашувања во историјата на клубот.
Кутињо во Барселона помина период за заборав. Има одиграно 75 натпревари, има постигнато 21 погодок, но не беше ни блиску до играчот кој што го гледавме во Ливерпул.
Изминатата сезона во 54 одиграни натпревари оствари 11 погодоци и 5 асистенции.