Тричковски избран во тимот на сезоната на Кипар (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Иван Тричковски одигра одлична сезона за АЕК Ларнака, па поради тоа доби ново признание и беше избран во тимот на сезоната на Кипар.

Тричковски сезонава настапи на 27 меча за АЕК Ларнака и притоа постигна 14 голови, со што се доближи до бројката од 100 голови во дресот на кипарскиот тим.

Македонскиот напаѓач досега постигна 97 голови за тимот од Кипар, а одигра 167 меча откако пристигна во 2016 година.