Тричковски ја доби „златната копачка“ на Кипар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот фудбалер Иван Тричковски имаше уште една одлична сезона на Кипар, па постигна 15 голови за АЕК Ларнака и ја доби „златната копачка“ за најдобар стрелец во првенството.

Тричковски е најдобар странски фудбалер во историјата на АЕК Ларнака и еден од најдобрите кои играле во Кипар.

„Пресреќен сум и горд на себе и своето семејство. Оваа награда ја добив благодарение на соиграчите, затоа што без нив немаше да стигнам до неа“, кажа Тричковски.